Утрински Весник
Економија

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

Foto fatmir bitikji 1.jpeg

„Во јуни цените на растителното производство се зголемени за 22,2%, а на добиточното за 6,9%. Но, ако се погледнат поединечните категории, поскапувањата се уште подраматични. Компирот е поскап за 56,7% во однос на лани, житата и оризот за 25,5%, зеленчукот за 23,9%, а овошјето и грозјето за 15,4%”, изјави пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција на партијата.

Тој нагласи дека овие поскапувања се директен удар врз животниот стандард на граѓаните:


„Овие бројки не се резултат на раст на платите или пензиите, туку на нестабилни пазари, високи влезни трошоци и шпекулативно формирање на цените. Кога основните прехранбени производи, кои секое семејство ги купува секојдневно, поскапуваат со двоцифрени стапки, тоа значи дека секоја недела и секој месец граѓаните можат да си дозволат сè помалку.”

Битиќи потсети и на најновите ценовни индикатори кои јасно укажуваат дека граѓаните имаат се помалку пари а платите стагнираат:

„Индексот на трошоци на живот во јули е за 4,8% повисок од истиот месец лани, а индексот на цени на мало за 5,3%. Само еден месец претходно овие стапки изнесуваа 4,5% и 3,7%. Тоа значи дека цените забрзуваат, а примањата стагнираат – што е најлоша можна комбинација за стандардот.”

Можете да прочитате

Министерство за енергетика: Исплатени средствата за добитниците од претходната програма за субвенции

МФ: Исплатена нова транша  кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

Клима уред или субвенција за струја – услови и потребни документи за аплицирање