Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за изјавата на Меџити: Не може да биде разумна и праведна војна, а од заседа да се убиваат припадници на МВР и МО

Mickoski pres .jpg

Имаме различни гледишта на работите, вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментира изјавата на вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити дека војната на УЧК во Косово и во Македонија била праведна, разумна и чиста.

-Не може да биде разумна и праведна војна, а од заседа да се убиваат припадници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени тој е затворен. Нашиот фокус како Влада е иднината, тоа сакаме да го видиме. Апелирам до сите разумни политичари да не играат на картата на ДУИ и на оние кои сакаат да не вратат 25 години назад. Да гледаме напред, да носиме инвестиции, да направиме поубаво место за сите граѓани. Тоа е суштината и ова е оската околу која ние треба да се обединиме, изјави Мицкоски при посетата на Општина Петровец, одговарајќи на новинарско прашање.


Мицкоски апелираше сите политичари да се воздржат од теми кои не’ враќаат во минатото.

Можете да прочитате

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила

ДКСК со укажувања за законските одредби поврзани со Локалните избори 2025

Јаневска: Едносменската настава не е лесен процес, но добро се одвива