Утрински Весник
Македонија

Ни наближува уште еден неработен ден, па веќе во септември нов продолжен викенд

Makedonsko Zname.jpg

До крајот на месецот следува уште еден неработен ден – 28 август (четврток), кога се одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица. Овој ден е неработен, но само за граѓаните од православна вероисповед.

Наредниот државен празник носи и продолжен викенд. На 8 септември 2025 година (понеделник), се одбележува Денот на независноста и тој е неработен за сите граѓани на Република Македонија.


За сите граѓани на РСМ: 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

Можете да прочитате

Битола почувствува земјотрес од 3.9 степени со епицентар во Грција

Регулаторна одлучи: Горивата со пониски цени од полноќ

Мицкоски за изјавата на Меџити: Не може да биде разумна и праведна војна, а од заседа да се убиваат припадници на МВР и МО