Утрински Весник
Македонија

Пожар изби на Јасен, тешко се гаси оти гори шума на тешко пристапен терен

Pozar 3.webp.webp

Вчера попладне изби шумски пожар на територијата на ЈП ловиште Јасен околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. „капија Кула”), информираат во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На местото на пожарот биле вработените од Јасен кои гаселе од земја на исклучително тежок терен.

„Пожарот го гасеа и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување а подоцна на нив се придружија и два полициски хеликолтери. Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола. Но ноќта, пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја. Како подршка веднаш се упатени два полициски хеликоптери кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два ер трактори на ДЗС. И покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден. Теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС“, информираат оттаму.


Можете да прочитате

СВР Велес сузби шема за нелегална сеча: Поднесени пријави против управител, возач и вработен во „Национални шуми“

Клучни реформи во новиот Предлог-закон за јавно обвинителство

Левица: Скопје како плен – реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски