Утрински Весник
Свет

Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната

Vens.webp.webp

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денес изјави дека се утврдува датум кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да седнат на преговарачка маса и да разговараат за завршување на војната.

Венс изјави дека нема да биде „продуктивно“ таков состанок да се одржи пред двајцата лидери да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фокс њуз.


Тој додаде дека САД ќе продолжат со „отворен дијалог“ со Украина и Зеленски.

Трамп претходно објави дека ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска на 15 август, но дека е отворен за трилатерален состанок на кој би учествувал и Зеленски.

Блумберг јави дека американските и руските претставници работат на постигнување договор што би ја запрел војната во Украина и кој би ја потврдил руската контрола врз териториите што Москва ги окупирала од почетокот на инвазијата

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела