Утрински Весник
Македонија

Во болница Кавадарци извршена прва лапароскопска уролошка операција

20250808164534 big 730x400 16 1.webp.webp

Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со дијагностицирана варикоцела, информираа попладнево од Болницата. 

– Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. д-р Билјана Еленова, соопштија од Болницата. 


Оттаму упатија честитки до целиот тим. 

Притоа истакнаа дека оваа интервенција претставува значаен чекор напред во развојот на минимално инвазивната хирургија во оваа установа и потврдува, како што додадоа,  дека Општата болница Кавадарци продолжува да го унапредува квалитетот на здравствените услуги во корист на пациентите.

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени 11 возачи низ Македонија

Две жени тешко повредени откако со автомобил излезале од патот кај Ресен

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка