Утрински Весник
Свет

Профитот на Тојота намален за 37 проценти

2022 aygo x dpl combo 001.webp.webp
Dik 300x250 mk

Профитот на Тојота се намали за 37 проценти во кварталот од април до јуни, објави јапонската компанија.

Во исто време, објавена е прогноза за намалена заработка за целата година, главно поради царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, објави АП.


Јапонскиот производител на автомобили изјави дека прогнозата се базира на претпоставката дека царините на Трамп за јапонскиот извоз, вклучувајќи ги и автомобилите, ќе изнесуваат 12,5 проценти почнувајќи од овој месец. Царините моментално се 15 проценти.

Водечкиот светски производител на автомобили, исто така, произведува возила во Мексико и Канада.

Добивката на „Тојота“ во последниот квартал изнесуваше 5,7 милијарди долари, што е за 37 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Овој деловен резултат беше постигнат и покрај тоа што кварталната продажба се зголеми за три проценти.

„Тојота“ објави дека царините ја намалија нејзината квартална оперативна добивка за три милијарди долари. Напорите за намалување на трошоците и негативното влијание на курсот на јенот, исто така, му наштетија на профитот на компанијата.

Можете да прочитате

Трамп сака да им исплати по 2.000 долари на сите американски граѓани

Иран предупредува дека пресушуваат резервоарите со вода, можна евакуација на Техеран

Дронови и ракети ја погодија електричната и грејната инфраструктура во Русија и Украина