Утрински Весник
Свет

Ценaтa на нафтата близу 67 долари

Nafta 3.jpg

Цените на нафтата денес на меѓународните пазари се задржаа под 67 долари, балансирајќи помеѓу знаците за силна побарувачка во Соединетите Американски Држави и шпекулациите на инвеститорите дека ублажувањето на тензиите во руско-американските односи би можело да ја отстрани заканата за руските резерви на нафта.

На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше речиси иста како и на затворањето на трговијата вчера и изнесуваше 66,77 долари. Немаше значителни промени ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по 64,26 долари.


Можната средба меѓу Трамп и Путин најавува смирување на тензиите

Пазарите беа потресени во среда од веста дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со својот руски колега Владимир Путин уште следната недела, според неименуван функционер од Белата куќа.

Трамп предизвика контроверзии со објавувањето на санкциите врз купувачите на руска нафта, тврдејќи дека сака да го зголеми притисокот врз Москва за да го прекине застојот во мировните преговори во Украина.

Во среда, американскиот претседател објави дополнителна царина од 25 проценти за индискиот увоз, истакнувајќи дека Индија продолжува да купува руска нафта, директно и индиректно. Се очекува царините да стапат на сила за три недели, се вели во соопштението на Белата куќа, со можност за промена на одлуката.

И покрај најавената средба меѓу Трамп и Путин, САД продолжија да подготвуваат секундарни санкции, предупреди функционер на Белата куќа, додавајќи дека тие би можеле да бидат воведени и врз Кина.

Можете да прочитате

Профитот на Тојота намален за 37 проценти

Полицијата во Британија со невидлив спреј ќе ги обележува хулиганите на стадионите

Холандската полиција заплени над 90 килограми наркотици испратени по пошта