Утрински Весник
Свет

СЗО: Во Газа регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост

12270533.jpg

Во јули, Газа регистрираше најголем месечен број случаи на акутна неухранетост кај децата досега, објави Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО предупреди на зголемување на смртните случаи поврзани со глад во палестинската енклава, објави Ројтерс.


„Во јули, кај речиси 12.000 деца под петгодишна возраст беше дијагностицирана акутна неухранетост во Газа, што е најголем број регистриран за еден месец“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, на прес-конференција во седиштето на организацијата во Женева.

Можете да прочитате

Најмалку 2.869 луѓе досега убиени во израелските напади врз Либан

Трамп: Сè уште верувам во мир со иранското раководство

Пукање во Ница, има убиени и ранети