Утрински Весник
Свет

Спречен заговор за убиство на Орбан

Thumbs b c 4120b752d43c5166b980e34ed72846b3.jpg

Во Унгарија е уапсен маж под сомнение дека планирал атентат врз премиерот Виктор Орбан, соопшти денеска Националното истражно биро на земјата.

Осомничениот се регистрирал на веб-страница хостирана на странски сервер со намера да ангажира платен убиец во замена за парична награда. Во порака објавена во јули 2025 година, тој понудил плаќање во унгарски форинти или друга валута за она што го нарекол „најдобриот платен убиец“ кој би бил подготвен да го убие премиерот Орбан.


Мажот бил идентификуван и уапсен благодарение на соработката со Унгарската служба за борба против тероризмот (TEK), а откако бил приведен, го признал делото, се вели во официјално соопштение.

Надлежните институции ја продолжуваат истрагата, а безбедносните мерки околу премиерот се дополнително зајакнати.

Можете да прочитате

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина