Утрински Весник
Македонија

Милан Кораќ нов извршен директор во М-НАВ

Mnav.png

Милан Кораќ е именуван за нов извршен директор за воздухопловна техника во државната компанија М-НАВ АД Скопје, која управува со воздушниот сообраќај и навигациските услуги во Република Северна Македонија.

Тој доаѓа на позицијата на местото на Климент Чепуњоски, кој е избришан од Централниот регистар како овластено лице и член на Управниот одбор. Според податоците од регистарот, Кораќ е дипломиран инженер по електротехника.


Одлуката за разрешување на Чепуњоски и именување на Кораќ стапува на сила од 1 август 2025 година.

Во деловниот регистар е наведено дека М-НАВ АД Скопје располага со основна главнина составена од 1.552.034 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари по акција, што вкупно изнесува над 25 милиони евра.

Можете да прочитате

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски

Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

НЕВРЕМЕ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Обилни врнежи, планински снег и силен ветер