Утрински Весник
Свет

Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе

Tramp 1.webp.webp

Намалувањето на цените на енергијата може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Cи-ен-би-си.

– Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе. Ако поевтини за уште 10 долари за барел, тој нема да има избор бидејќи неговата економија е во лоша состојба – додаде американскиот претседател.


Претходно денеска, руското Министерство за финансии објави дека приходите на земјата од нафта и гас се намалиле за 27 проценти во јули 2025 година на годишна основа – на 787,3 милијарди рубљи (9,8 милијарди долари), споредено со 1,079 трилиони рубљи во истиот месец од претходната година.

За периодот јануари-јули, приходите на Русија од нафта и гас се намалија за 18,5 проценти споредено со истиот период во 2024 година.

Трамп, исто така, изјави за Cи-Ен-Би-Си дека значително ќе ги зголеми царините за увоз од Индија во следните 24 часа, како одговор на нејзиниот континуиран увоз на руска нафта. Тој рече дека царинската стапка од 25 проценти ќе биде зголемена без да се достигне одредено ново ниво.

– Тие ја полнат воената машина и ако го прават тоа, тогаш нема да бидам среќен – коментираше Трамп.

Тој додаде дека според негово мислење Индија воведува многу високи царини за американската стока.

Американскиот претседател, исто така, ги критикуваше две од водечките банки во САД – „Банката на Америка“ и „Џеј Пи Морган“, обвинувајќи ги дека во минатото одбивале да ги прифатат неговите депозити. Тој додаде дека верува оти банките ги дискриминираат неговите поддржувачи.

Можете да прочитате

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола