Утрински Весник
Македонија

Денеска нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Grom.jpg
Dik 300x250 mk

Денес, очекуваме променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмотевици.

На одредени места, овие процеси ќе бидат поизразени, претворајќи се во невреме проследено со обилен дожд, силни грмежи, засилен ветер и повремена појава на град.


Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а во некои делови од котлината ќе биде нестабилно со дожд, грмотевици, силен ветер и можност за изолиран град.

Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре се очекува “изолирана појава на нестабилност” и ќе дува “умерен до засилен северен ветер”.

Во наредните денови, ќе имаме стабилно и топло време со зголемување на дневната температура.

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси