Утрински Весник
Македонија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово

Pozar dojransko.jpg

Само неколку часа откако претпладнево беше стабилизиран последниот активен пожар кај Долнени, попладнето донесе нова серија огнени жаришта во повеќе региони на земјата. Според заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, ситуацијата на теренот повторно е критична, а интервенираат копнени тимови и воздушни единици.

„Дефинитивно има граѓани што не ѝ мислат добро на државата; друго објаснување немам,“ напиша Михаилов на својот фејсбук-профил, апелирајќи за одговорност и внимателно однесување во шумските подрачја.


Пожари има кај Ваксинце, општина Липково, кај Богомила и во населените места Милетино и Церово.

Можете да прочитате

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири