Утрински Весник
Македонија

Гаши за Илинден: Овој ден нека биде поттик за меѓусебно разбирање за доброто на татковината

Afrim gashi.jpg

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод државниот празник Илинден, во свое име и во име на пратeниците. Тој вели дека Днеот ан Републиката претставуваат темел на заедништвото и на институциите на државата.

Овој датум не е само дел од историјата на државата, додава тој, туку и обврска да се унапредува визијата за современа држава насочена кон мир, напредок и евроатлантска интеграција.


„Нека овој ден биде поттик за размислување за заедничкиот пат што го изградивме како држава и како општество, како и за понатамошно охрабрување на меѓусебното разбирање, соработка и посветеност кон доброто на татковината, без разлика на етничките, верските или политичките разлики“, вели Гаши.

Претходно, медиумите јавија декa поради здравствени причини, собранискиот спикер нема да присуствува на манифестации за одбележување на празникот.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, ќе предводи собраниска делегација во Пелинце и во манастирот „Прохор Пчински“.

Со низа свечености и манифестации денеска ќе биде одбележана 122 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република и 81 години од Првото заседание на АСНОМ.

Можете да прочитате

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Димитријевиќ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други