Утрински Весник
Македонија

Сончево и потопло – 24info.mk

Vremenska soncevo 1 610x400 1.jpg
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени Целзиусови.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Можете да прочитате

Студентски средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности

Од петок (7 ноември) доаѓа нов бран на обилни врнежи и засилен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди