Утрински Весник
Македонија

Перински:  Системски пристап при насочувањето на буџетските средства кон регионите и општините

Perinski sistemski pristap pri nasochuvaneto na budhetskite sredstva kon regionite i opshtinite.jpg

Денеска се одржа 41. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која раководеше министерот Перински, на која се дискутираше за клучна тема поврзана со подобрување на системот на планирање и распределба на јавните финансии преку утврдување на предлог на поблиски критериуми за проценка на буџетските програми од страна на ресорните министерства кои имаат влијание врз регионален развој.

Целта на критериумите е да се воспостави пообјективен, транспарентен и координиран пристап при насочувањето на буџетските средства кон регионите и општините, особено кон оние што заостануваат во развојот.


„Со дефинирање на јасни критериуми, ќе се овозможи поусогласено планирање на јавните инвестиции, со фокус на вистинските потреби на граѓаните. Ова е чекор во унапредување на рамномерниот развој и во постигнување на поголема територијална кохезија”, истакна министерот за локална самоуправа.

Советот продолжува со континуирана работа на креирање политики кои ќе овозможат еднакви можности за развој на сите плански региони, како стратешка цел на Владата и клучен елемент во процесот на децентрализација и одржливиот развој на локалната самоуправа.

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот