Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн

1 51.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн.

На средбата се разговараше за европската перспектива на земјата и континуираната посветеност на реформскиот процес. Министерот Муцунски ја нагласи јасната определба и ангажман на Владата во насока на спроведување на реформите. Притоа, изрази очекување дека за време на ирското претседавање со Советот на Европската Унија ќе се потврди и конкретизира поддршката за процесот на проширување.


Министерот Брн ја реафирмираше принципиелната, гласна и доследна поддршка на Ирска за европската интеграција на Република Северна Македонија, нагласувајќи дека тоа претставува стратешко и безбедносно прашање за целата Европска Унија.

Во разговорот беа разгледани и можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на економската и трговската соработка.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци