Утрински Весник
Македонија

Николоски: Многу критичари има пред тастатура, но од експресниот пат Фариш – Дреново отстраниме материјал колку Градски стадион да го наполниме

Nikoloski 4.jpg

Ако не ја поместивме планината кај експресниот пат Фариш-Дреново, уште најмалку три години пат немаше да имаме. Критичари има многу пред тастатури, но од планината отстранивме материјал колку еден градски стадион да наполниме, истакна вицепремиерот Николоски во интервјутo за ТВ Канал 5.

” Начинот на кој беше проектиран патот буквално висеше една цела планина над патот. Проектот беше дека треба да има заштита од челични сајли кои што требаше да ја држат планината да не падне на патот. Се спротиставив и реков да најдеме друго решение да ја поместиме планината и да го отстраниме тој материјал. Имаше скептици, но за жал после неколку недели се случи несреќата во Нови Сад со железничката станица.  И после тоа на тие скептици им се отворија очите дека тие системи на челични сајли можеби се добри на хартија и проектански, но за жал се случува тоа што се случува и да нема такви случаи да го отстраните тоа што може да е потенцијален проблем.  Дојде и вториот предизвик, не можеше да се минира затоа што патот е таков што преку мост се влегува во тунел и ако се случеше минирање ќе се срушеше мостот и тоа значеше уште три години да немаше експресен пат. Се најде инженерско решение, се донесоа машини кои буквално удираат во планината на дневна основа и се работеше околу 5 месеци.  Сликовито да објаснам се отстрани материјал колку да го наполните Градски стадион. Има критичари кои пред тастатура седат и не работат, ама ние работиме и еве резултатите кажуваат”  – истакна вицепремиерот Николоски.  


Можете да прочитате

Од Ресен до Скопје – пратеник со 13.200 евра патни трошоци за една година

Избегнувајте го центарот на Скопје затворен е за снимање филм

(Видео) Вечерва полициска акција на кумановската патарина – застој во сообраќајот