
Соопштение на СДСМ:

Додека државата буквално гори, додека македонските шуми, пасишта, полиња се претвораат во пепел, ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги од белата палата.
Прво беа скакулците криви, кравите, СДСМ, Заев, утре ќе измислат некој друг.
Очајни, бедни обиди за дефокус и тоа со истиот лик Миле Лефков.
Вистината е лесно проверлива: лицето што го споменуваат никогаш не бил личен шофер на Зоран Заев ниту пак телохранител.
Не можат да организираат итна интервенција на терен и да ги изгасат пожарите, па организираат лаги.
Единствени виновни за пожарите се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се неспособни.
Изгоре над 20% од територијата на државата. Нема нови возила, нема опрема, нема пожарникари, нема авиони. Има само лаги, прес-конференции и луксузни патувања.
Додека пожарите јадат шуми и домови, тие трошат народни пари на морски плодови, егзотично овошје и приватни авиони. Додека граѓаните гасат пожари со кофи и лопати, владата на ВМРО-ДПМНЕ троши милиони на телефони, ама нема денар за спасување животи и имот.
Граѓаните гледаат сè. Знаат дека државата е оставена сама токму кога ѝ е најтешко.
Уште колку земја треба да изгори за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да преземат одговорност?