Утрински Весник
Македонија

Советот на амбасадори изрази сочувство по повод смртта на амбасадорот Александар Тавчиовски

20250729113930 big 730x400 71.webp.webp

Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот почитуван колега и пријател, амбасадорот Александар – Сашо Тавчиовски.

Амбасадорот Тавчиовски ќе го паметиме како еден од основоположниците на Советот на амбасадори — дипломатско здружение кое е препознаено по своите силни заложби за промоција на позитивни идеи и иницијативи на македонската дипломатска сцена и во надворешната политика на земјата. Со неговата визија и искуство, тој остави длабока трага во институционалниот развој на Советот, за што вечно ќе му бидеме благодарни.


Сашо останува во сеќавањето и на генерации професионални дипломати како колега со висок личен интегритет и човек со силна верба во вредностите на меѓународната соработка. Ќе биде запаметен по неговиот придонес во годините на голем ентузијазам и надеж во Министерството за надворешни работи, кога Македонија се бореше за своето суверено место на меѓународната сцена, како и по неговата дипломатска мисија во ОБСЕ, каде што со достоинство и одговорност ја претставуваше нашата држава.

За нас, неговите колеги од Советот на амбасадори, Сашо ќе остане во ризницата на најдобрите спомени – како пријател, соработник и сопатник во афирмацијата на младата македонска дипломатија, стои во соопштението на Советот на амбасадори.

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале