Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ако користеле службени возила за партиски цели, Фетаи и Меџити да се извинат

Sluzbeni vozila 2.jpg
Dik 300x250 mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска побара од вицепремиерите Арбен Фетаи и Изет Меџити да се извинат на граѓаните, доколку се потврди дека ги користеле службените возила за партиски активности.

Реакцијата доаѓа по информациите дека пред десетина дена, службени возила на двајцата функционери биле забележани паркирани околу 23 часот навечер на булеварот кај трговскиот центар „Мавровка“, во непосредна близина на партискиот штаб на коалицијата ВЛЕН.


– Доколку возилата биле користени за партиски цели и приватно, тогаш тие треба да им се извинат на граѓаните бидејќи ги трошат нивните ресурси. Ако, пак, биле на состанок поврзан со владините политики, тогаш тоа е во ред. Претпоставувам дека тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам – изјави Мицкоски при отворањето на затворениот базен во општина Кисела Вода.

Од коалицискиот партнер ВЛЕН, тетовскиот градоначалник Биљал Касами, изјави дека не верува оти Фетаи и Меџити имале политички состанок без негова присутност и дека, според неговите информации, тие биле на средба во рамки на нивните службени обврски.

Инцидентот повторно ја отвора темата за злоупотреба на државни ресурси за политички цели, на што јавноста реагира сè почесто во последниот период.

Можете да прочитате

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Одреден притвор на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца осомничени