
Соопштение на СДСМ:
Што се крие зад срамниот чин на предавство на националните интереси со изборот на Казанџи Холдинг за партнер за дистрибутивна мрежа?
Власта за стратешки партнер избра компанија чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана. И тоа со заобиколување на Законот за енергетика!
Угледниот „Фајненшл тајмс” во 2020 година, објави дека Акса е вмешана во плаќање околу 2,5 милиони долари мито на службеници од Гана за да се добие профитабилен договор за електрана.
Фајненшл тајмс се повикува на извори од истрага на американската Комисија за хартии од вредност (SEC) каде што се наведни и друго сомнителни трансфери, меѓу кои и 66.000 долари директно на пратеници во парламентот на Гана.
Власта молчи и не одговара на прашањата зошто се заобиколува Законот за енергетика и целата постапка ја тераат без тендерска постапка?