Утрински Весник
Свет

Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд

Sovet Za Bezbednost.jpg

Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.

– Бараме веднаш и без никакви услови да запре огнот. Повикуваме на мирно решавање на спорот, истакна дипломатот.


Кео Чеа ги отфрли обвинувањата на Тајланд дека Камбоџа прва започнала со напад, посочувајќи дека камбоџанската армија брои само една третина од тајландските сили, како и дека нивните воздухопловни сили не се целосно опремени.

ОН во соопштението по затворената седница ги повика двете држави на крајна воздржаност и избегнување на натамошни ескалации.

Камбоџа денеска соопшти дека од почетокот на конфликтот во четвртокот, загинале најмалку 13 нејзини државјани. Според податоците на Министерството за одбрана на Камбоџа, околу 35.000 лица се раселени.

Портпаролката на Министерството, Мали Сочеата, изјави дека петмина од загинатите се војници, а останатите се цивили.

Можете да прочитате

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа

„Алибаба“ претстави нов чип за вештачка интелигенција и најави значително поголем модел

Светските лидери се собираат во Њујорк: Војните, климата и вештачката интелигенција пред Обединетите нации