Утрински Весник
Свет

Третина од британските пратеници го повикуваат премиерот Стармер да признае палестинска држава

20250725211858 big 730x400 89.webp.webp

Една третина од британските пратеници го повикуваат британскиот премиер Кир Стармер да ја признае палестинска држава, по примерот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој вети дека ќе го стори тоа за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН.

Двеста дваесет и еден пратеник од девет политички партии претставени во Долниот дом со 650 членови потпишаа писмо во врска со ова, упатено до лабуристичкиот премиер и неговиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами.


„Иако признаваме дека Обединетото Кралство нема моќ да создаде слободна и независна Палестина, признавањето од страна на Обединетото Кралство би имало значително влијание поради нашите историски врски и нашиот статус како постојан член на Советот за безбедност на ОН. Затоа повикуваме да се преземе тој чекор“, велат пратениците во своето писмо.

Иницијативата ја покрена пратеничката од Лабуристичката партија, Сара Чемпион, претседателка на парламентарниот Комитет за меѓународен развој.

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан