Утрински Весник
Македонија

Учество на министерот Муцунски на состанокот на Балканската платформа за мир во Истанбул

Mucunski 11.4.2025.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир, што ќе се одржи во Истанбул, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На настанот е најавено присуство и на министрите за надворешни работи од земјите од регионот на Западен Балкан.

Новата иницијатива, покрената од министерот Фидан, има за цел да придонесе кон регионален мир, стабилност и благосостојба преку заеднички пристап во изнаоѓање на регионални решенија за регионални прашања.


Министерот Муцунски ќе има обраќање на состанокот, во кое се очекува да ги адресира клучните прашања за регионалната соработка, со акцент на економскиот развој, транспортната поврзаност, енергетиката, заштитата на животната средина и културната соработка.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна

Обилни врнежи во Македонија, дождот преминува во снег и во градовите

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран