Утрински Весник
Македонија

Левица: Стручноста да биде единствен критериум за вработување – Власта го одби амандманот и го избра балансерот

Levica.jpg

Соопштение на Левица:

Пратеничката група на Левица поднесе неколку амандмани кон Предлог-законот за внатрешни работи, меѓу кои и амандман со кој се предлагаше укинување на балансерот како критериум при вработувања и унапредувања во Министерството, со цел воспоставување на систем заснован исклучиво на стручност, компетентност и интегритет.


Амандманот, кој го образложи пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, предвидуваше етничката припадност да не биде предуслов за влез и напредување во институциите, особено во МВР – како клучна, сензитивна, безбедносна институција, каде што критериумите треба да бидат исклучиво базирани на нивото ма професионалност:

„Ние со овој амандман предвидуваме при вработување и унапредување во Министерството да не постои никаков друг критериум освен стручност, компетентност и интегритет на кандидатот. Сметаме дека е крајно време ваквите, особено етнички поделби, да не важат за институции како што е МВР”, истакна Исмаил на Комисијата за одбрана и безбедност.

Амандманот беше без никакво образложение одбиен од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исиени, и останатите членови на Комисијата.

Од Левица реагираа на ова одбивање, посочувајќи дека новиот закон, наместо да го укине, само дополнително го зацврстува балансерот, што е пак спротивно на ветувањата и изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Можете да прочитате

Власта најаува изградба на Центар за протези за повредените од Кочани

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан

За пет години Македонци вложиле над 50 милиони евра во недвижности во Грција