Утрински Весник
Македонија

Директорот се извини на битолчани, комуналците притиснале погрешно копче, па ѓубрето го истоварија среде улица

Image 2025 07 23 144735802.png
Dik 300x250 mk

По инцидентот во битолската населба Недопирливи, за кој информираше 4NEWS.mk, кога утрово камион за собирање отпад истури голема количина ѓубре на улицата, директорот на ЈКП „Комуналец“ Битола, Горан Степановски, се огласи со реакција. Тој објасни дека станува збор за ненамерна грешка при подигање на сметот, која за кратко време била санирана.

„Улицата е целосно исчистена и испрана. Им се извинувам на жителите за непријатниот настан и доколку се утврди одговорност, лицата ќе бидат соодветно санкционирани,“ истакна Степановски.


Можете да прочитате

Метеоаларм: Можни се поплави, врнежите продолжуваат

Ана и Игор Дурловски ќе одбележат 25 години оперска кариера со новогодишен концерт во Скопје

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани