Утрински Весник
Македонија

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон скопска болница

Img 2856.jpeg

Во раните утрински часови, непосредно по полноќ, во амбулантно возило на пат кон Скопје, се роди здраво женско бебе – во момент на критична брзина, но со максимална професионалност од страна на медицинскиот тим.

Несекојдневното породување се случило во движење, потврди штипската телевизија „Стар“, пренесувајќи ги деталите за успешната интервенција на итната медицинска екипа.


Дел од тимот бил и д-р Даниел Кировски, кој го сподели искуството на социјалните мрежи:

„Ново срце запиша први отчукувања – на пат, во амбулантно возило, во длабока ноќ. Во моменти кога времето станува критично, кога нема простор за двоумење – животот си го наоѓа патот“, напиша тој.

Според него, породувањето било изведено без родилна сала, но со целосна координација, присебност и посветеност. Токму тоа, нагласува Кировски, е вистинската сила на итната медицинска помош.

Мајката и новороденото девојче се во стабилна и добра здравствена состојба.

Овој случај уште еднаш ја потврдува храброста, подготвеноста и професионалноста на здравствените работници кои секојдневно се соочуваат со најнепредвидливите предизвици – и победуваат.

Можете да прочитате

Македонци останаа на аеродром во Истанбул за Скопје – без лет, без храна, без сместување

Македонски државјанин се удави во Албанија

Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница