Утрински Весник
Свет

Зеленски потврди дека Киев и предложи на Москва одржување нова рунда преговори во Турција

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, и предложил на руската страна нова средба меѓу претставници на Москва и Киев да се одржи во Турција.

„Нашите претставници подготвуваат барем уште една размена со Русија, а Рустем Умеров ѝ предложил на руската страна нова средба да се одржи во Турција. Дневниот ред на состанокот е јасен: враќање на затворениците, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на средбата меѓу двајцата лидери“, рече Зеленски.


Тој ги замоли украинските дипломати да ја информираат земјата домаќин за потребата од посебен пристап кон преговорите, посебна агенда и обезбедување неопходна политичка поддршка за Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека руските и украинските нацрти на меморандумот за решавање на конфликтот се дијаметрално спротивни и затоа претстои многу дипломатска работа. Тој посочи дека Москва е отворена за одржување на третата рунда преговори со Украина, но дека засега нема конкретен датум и дека нема да има промени во составот на преговарачката група на Москва.

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза