Утрински Весник
Македонија

Мисајловски во Турција на саемот за воена индустрија – IDEF 25

Misajlovski.webp.webp

Утре и задутре (22-23 јули), делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Владо Мисајловски ќе престојува во Турција, каде по 17-ти пат се одржува еден од најголемите саеми за воена индустрија IDEF 25. За време на престојот, министерот Мисајловски ќе се сретне со својот колега министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер, со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун, а се очекува и средба со други високи лица од одбранбениот сектор.

На саемот IDEF 25, во придружба на министерот Мисајловски ќе биде и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.


На саемот македонската делегација ќе се запознае со најновите технологии во областа на воената индустрија и ќе оствари контакт со голем број на компании од оваа област, што е исклучително значајно имајќи го предвид процесот на модернизација и опремување на Армијата и исполнувањето на НАТО Целите на способности.

Можете да прочитате

Владата бара ЗНМ прво да се консултира пред изнесува јавни квалификации

Онколошките пациенти прашуваат: Дали и понатаму ќе се лечите кај доктор Мери Пешевска

Падна договор, британски експерти ќе не советуваат за брзата железница – Договорот е дел од партнерството со Велика Британија