Утрински Весник
Македонија

Најавен топол бран за неделава – се очекуваат температури и до 42 степени!

Toploten bran preporaki07.07.2015 625x417 1.jpg

Управата за хидрометеоролошки работи денеска информираше дека неделава се очекува топол бран.

Под влијание на топол бран до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.


Утре ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Дневната температура на секаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал:

– Југозападен, Источен и Североисточен регион од 34 до 38 степени Целзиусови;

– Полошкиот регион од 32 до 38 степени Целзиусови;

– Пелагонија од 38 до 40 степени Целзиусови;

– Скопски, Вардарски и Југоисточен регион од 38 до 42 степени Целзиусови.

Можете да прочитате

Нов земјотрес пред полноќ во Македонија

Скопје и Тетово вечерва меѓу најзагадените градови – Македонија вечерва на второ место во Европа по загаденост

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот – власта зборува за развој, опозицијата за предизборен поткуп