Утрински Весник
Македонија

Власта се пофали дека реализирала 950 нови вработувања во здравството

Ministerstvoto za zdravstvo povtorno gi krati beneficiite na krvodaritelite featured 1024x576 1.jpg

Министерството за здравство од назначувањето на министерот Азир Алиу, на 9 јуни, почна интензивен процес на засилување на кадарот во јавните здравствени установи низ целата држава. Како што соопшти денеска, за нешто повеќе од еден месец се реализирани или се во завршна фаза над 950 вработувања од различни здравствени профили: доктори по медицина, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари, психолог, социјални работници, хигиеничари и друг неопходен персонал.

Според Министерството, процесот продолжува и во наредните денови ќе бидат отворени нови постапки за вработување во повеќе јавни здравствени установи во државата.


-Професионалниот развој и зајакнувањето на човечките ресурси претставуваат клучен дел од новиот пристап во здравствениот систем, најавен од министерот за здравство, Азир Алиу. Здравството не може да функционира без луѓето што секојдневно се грижат за неговото непречено работење. Министерството за здравство останува посветено на градење стабилен и функционален здравствен систем којшто започнува со вложување во луѓето, кои се негова основа, наведува Министерството.

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата