Утрински Весник
Македонија

Левица: Не разговараме за коалиција ниту со СДСМ ниту со ДУИ

Levica.jpg

Во целост ги демантираме дезинформациите што кружат во јавноста дека наводно преговараме за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори! 

Левица не води никакви разговори ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ, а најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање.


Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет – забрана на предизборните коалиции!

Левица ќе настапи самостојно, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати.

Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката – поддржуваме луѓе со интегритет, без оглед дали се партиски членови или не, сè додека ја делат визијата за промена и конечно функционална локална самоуправа во служба на граѓаните.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Мицкоски и Филипче е небо и земја, не ја научија лекцијата предавана од народот

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани