
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон.
Со предлог законските измени кои Тошковски ги предлага во Законот за полиција, тој готви партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ под негова контрола.
Наместо модерна, професионална, европска полиција – Тошковски го претвора Министерството за внатрешни работи во пара-полициски апарат на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова не е реформа, ова е отворање на вратите за криминалци, послушници и партиски војници.
Ова е рецепт за полициска држава!
Законот за измени на Законот за полиција што го предлага Тошковски е опасен за целиот безбедносен систем, антиевропски и длабоко корумпиран обид за партизација на полицијата, елиминација на кариерниот систем и уривање на безбедносниот поредок.
Шест клучни точки во предлогот на Тошковски кои се скандалозни:
1.Се симнуваат критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во МВР.
Тошковски отвора простор партиските послушници без ден искуство да командуваат со полициски сили. Без стручност, без кредибилитет – само со партиска книшка.
За директор на полиција се намалуваат критериумите толку многу, со тоа што може да биде и од редовите на советодавни позиции. Во суштина лице кое било само советник и никогаш не раководело ниту со 5 луѓе по логиката на Тошковски треба да раководи полиција и да се грижи за безбедноста на државата?
2.Се бришат условите за минимум 6 години искуство и 4 години на раководни позиции. Дури и шеф на СВР ќе може да биде било кој по избор само на Тошковски. Луѓе со децениска кариера ќе бидат понижени од политички вработени без знаење и без искуство.
3.Се укинуваат регионалните центри за гранична контрола. Во време на геополитички ризици, Тошковски удира по границите. Дали ова е подготовка за нелегални шеми со мигранти во нашата земја?
4.Се овозможува бришење на полициски податоци. Нема траги, нема евиденција, нема докази – само заштита на криминалот под капа на ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски.
5.Се подига старосната граница на 30 години со што Тошковски ги елиминира младите, образовани луѓе само за да вработуваат партиски луѓе.
6.Најскаданлозно е бришењето на член 19 од Законот. Тошковски си дава овластување да држи во полиција осудени лица и прекриштели на внатрешни процедури и правила. Ова е одредба за организиран криминал во униформа!
Панче Тошковски сака моќ, а не ред. Сака контрола, а не владеење на законот.
Наместо полиција што штити граѓани, Тошковски прави партиска милиција што штити криминалци.
Мијалков и Груевски беа мали деца за овие намери на Тошковски.
СДСМ остро се спротивставува на овој правен терор врз институциите и врз граѓаните.
Бараме:
-Итно повлекување на законот,
-Прекин на узурпацијата на МВР,
-И отворање јавна дебата за департизација на полицијата.
Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, не оружје во рацете на партиската мафија.
Ова не е политичка борба – ова е борба за безбедност, за државата и за правото!
Македонија не смее да си дозволи нова верзија на режимот на Груевски, со Тошковски во улога на негов партиски клон.