Утрински Весник
Македонија

Објава на демант и јавно извинување до Петар Богојески

Bogojeski 780x470 1.png

По јавната реакција, редакцијата на 24инфо.мк јавно му се извинува до Петар Богојески за непроверената вест објавена на 20.07.2025 со наслов „Богојевски разрешен од директорското место, но се шета во Њујорк од Еразмус!“

Истовремено, во продолжение објавуваме интегрален текст од демантот на Богојески, а спорната статија ја повлекуваме од порталот.


„Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! За сите тврдења, кои сте ги објавиле, барам да објавите демант!

Јас поднесов оставка од позицијата директор на НА, поради други професионални ангажмани, а во тек е законска постапка за избор на нов директор во координација со Европската Комисија. Се до изборот на ново лице и примопредавање на обрските, јас целосно ги извршувам сите законски должности.

Посетата на САД од делегација на НА е планирана пред два месеци, истата нема врска со приватни средби или активности!

Учествуваме на 19тиот Меѓународен самит за човекови права, кој се одржува во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Македонската делегација има инспиративни излагања и учество покрај низа угледни личности, образовни работници и активисти за човекови права од целиот свет. Најзначајните моменти вклучуваат работилница за лидерство за младински активисти, образовни работници и др. преку можности за вмрежување со поединци и организации посветени на унапредување на човековите права низ целиот свет.

Овие самити претставуваат моќна платформа за обединување на млади од целиот свет, негувајќи дух на соработка и заедничка цел. Минатите самити беа почестени со присуство на добитници на Нобелова награда за мир, како претседателот Жозе Рамуш-Орта, претседателот Оскар Аријас Санчез и надбискупот Дезмонд Туту – инспирирајќи нова генерација лидери. Повеќе од 50 национални делегации од различни земји се приклучени на ова глобално движење, а од овој самит и Република Македонија.

Дополнително, остваруваме дирекна средба со Mary Shuttleworth, Ed.D. претседателка на Меѓународната организација “Обединети за човекови права” и раководството на МММ, со кои дискутираме за нивно дирекно вклучување во јавната полемика за утврдување на националните приоритети во образованието и поддршката на најмладите Македонци, родени низ светот.

Доколку не постапат одредени медиуми по ова јавно соопштение, ќе бидеме приморани на судска постапка, која не ја посакуваме!

Со почит,

Петар Богојески

директор на НАЕОПМ“

Можете да прочитате

Во М-Нав со години стои купен и неискористен софтвер, поради тоа ограничени се летовите низ македонското небо

Акциска контрола во винички угостителски објекти, лишено од слобода едно лице, затекнати малолетници

Одобрено обвинението за Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за скоро 36 милиони евра