Утрински Весник
Македонија

Кичевските села Поповјани, Премка и осум други без вода за пиење поради дефект на водоводна цевка

Bez Voda.jpeg

ЈП „Комуналец“ – Кичево ги известува сите корисници на вода за пиење дека ќе има прекин во снабдувањето, поради дефект на главната водоводна цевка на ЈП „Студенчица“, која го снабдува со вода КХЕ „Осломеј“ и околните села, од денес, сабота 19.07.2025, ќе има прекин во водоснабдувањето до целосно отстранување на дефектот.

Без вода за пиење ќе останат следните села: Гарани, Шутово, Премка, Црвивци, Србица, Аранѓел, Поповјани, Јагол, Колибари и Длапкиндол.


Екипите на КХЕ „Осломеј“, ЈП „Студенчица“ и ЈП „Комуналец“ се на терен и работат на што побрзо санирање на дефектот, стои во соопштението за јавноста на ЈП „Комуналец“ – Кичево.

Можете да прочитате

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час

Српската Алта банка ја презема Стопанска банка од Битола

Семејствата од социјален ризик и пензионерите до 5. октомври може да аплицираат за субвенции за инвертер клими