Утрински Весник
Македонија

Пожарникари нашле три запалени гуми при гаснење на пожарот на планината Жеден

Pozari Kalifornija.jpg

Пожарот на планината Жеден е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат, изрази сомневање градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу попладне во изјава за медимуите. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени се запалени гуми од возила.

-Нашите сознанија, информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде, се дека три гуми се најдени запалени, што докажува дека е човечки фактор на целиот овој настан – изјави Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.


Огнот зафати десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација, а се шири и поради ветер. Дејствуваат тетовските пожарникари, армиски хеликоптер, полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ, 2 теренски возила пинцгауер, 1 хермелин,30 припадници на Армијата, екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и авионите ер-трактори на ДЗС за воздушна поддршка.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија