Утрински Весник
Македонија

ЕКСТРЕМНО ТОПЛО: Следната работна седмица и до 43 степени, па голем пад на температурите!

Meteoalarm.mk 9 2 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка, во периодот од понеделник (21 јули) па се до петок (25 јули) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.


Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на многу места температурите ќе надминуваат и 35 степени, додека во Повардарието локално температурата ќе надмине  и 40 степени, односно таа ќе се искачи до околу 42/43 степени. И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период температурата ќе биде екстремно висока  и ќе надминува 40 степени.

И во Скопје  и околината повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.

Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.

Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали, голем пад на температурите (за повеќе од 10 степени) засилен ветер од северен правец, но и локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи може да очекуваме во петок навечер  и ноќта кон сабота (25 кон 26 јули).

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата