Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

Sdsm.jpeg

Скандалозна и манипулативна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата наводно добила „петка“ за борбата против криминалот и корупцијата. Мицкоски уште еднаш се обидува да ја изврти вистината и да ја лаже јавноста: реалноста е дека ГРЕКО, како дел од Советот на Европа, во последниот извештај јасно констатира дека Владата речиси ништо не спровела од препораките за борба со корупција и дека напредокот е недоволен“, соопштуваат од опозициската СДСМ.

Според нив, Владата не добила „петка“, туку уште 5 забелешки на адреса на институциите за неисполнетите обврски, додека Македонија и понатаму се смета за „глобално незадоволителна“ според мониторингот на ГРЕКО.


,,Аплаузот за кој зборува Мицкоски е само во неговата глава. Граѓаните гледаат како криминалот цвета, како институциите се партизираат, а корупцијата останува недопрена. Владата на Мицкоски не само што не ја бори корупцијата, туку со вакви лаги и манипулации се обидува да ја прикрие. Да потсетиме, ГРЕКО бара итно: донесување и примена на нови закони за финансирање на политички партии, засилување на контролата на имотот и интересите на функционерите, зајакнување на антикорупциските механизми во собранието, судството и извршната власт. Ништо од ова не е завршено. Затоа лагите на Мицкоски за некаква „петка“ се навреда за сите граѓани кои бараат правда и ред“, велат од оваа партија.

СДСМ велат дека бараат Владата веднаш да престане со манипулации, да се соочи со фактите и конечно да почне да спроведува вистински реформи, а не само да им аплаудира на сопствените неуспеси

Можете да прочитате

Пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Пронајдени и одземени ножеви и боксирач од малолетници во Тетово