Утрински Весник
Свет

Украинскиот парламент одобри продолжување на воената состојба и општата мобилизација во Украина за уште три месеци

20250715154927 big 730x400 72.webp.webp

Врховната рада (украинскиот парламент) усвои закон со кој се одобрува претседателски декрет за продолжување на воената состојба и општата мобилизација во Украина за уште 90 дена до 5 ноември, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на објава на Телеграм од пратеникот Јарослав Железњак.

Железњак прецизираше дека законодавниот акт „За одобрување на указот на претседателот на Украина за продолжување на рокот на воена состојба во Украина“ беше поддржан од 320 пратеници, а само еден пратеник гласаше „против“.


На 24 февруари 2022 година, Руската Федерација ја започна својата целосна инвазија на Украина, а истиот ден во земјата беа прогласени воена состојба и општа мобилизација до 26 март.

Парламентот периодично го продолжува овој рок. Украинските медиуми забележаа дека ова е 16-то продолжување на воената состојба. Додека е во сила, не можат да се одржат ниту претседателски, ниту парламентарни избори, забележува ДПА.

Мажите на возраст меѓу 18 и 60 години не смеат да ја напуштат земјата, освен во исклучителни околности.

Можете да прочитате

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци