Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Коридорот 8 го носи нашиот потпис

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како што е Коридорот 8, исклучителен проект со национални и меѓународни димензии, кој претставува стратешки интерес за Република Северна Македонија, евроатлантското сојузништво и мрежата на трансевропски коридори на НАТО.

Сепак, не можеме а да не ја потенцираме иронијата: токму тие што некогаш го саботираа, блокираа и стигматизираа овој проект, денес се обидуваат да ги присвојат заслугите за иницијатива која стана реалност благодарение на политичката волја, институционалната посветеност и стратешката визија на ДУИ и нејзиниот лидер г. Али Ахмети, велат од ДУИ.


„Граѓаните не забораваат дека Коридорот 8 е резултат на силна политичка битка, во која ДУИ секогаш беше на страната на развојот и интеграцијата. Оние што денес го нарекуваат „историски проект“, се истите што порано го нарекоа „проект со епски криминал“, го отфрлаа со жестина и го попречуваа со сите средства. Една од првите одлуки на оваа влада – без етнички легитимитет – беше токму укинувањето на изградбата на тунелот меѓу Гостивар и Кичево, а потоа и блокирањето на теренските работи со месеци.

Денес, кога резултатите од заложбите на Демократската Унија за Интеграција се видливи, кога работите се во фаза на неповратна реализација, ги гледаме истите тие што вчера се потсмеваа со проектот, како денес патетично зборуваат за неговата важност. Вистината е дека овој проект го носи потписот на ДУИ – во визија, одлука и политичка инвестиција.

Коридорот 8 е проект на ДУИ. Тоа е инвестиција на ДУИ во европската иднина на оваа земја и составен дел од нашата визија за интеграција и рамномерен развој. Им посакуваме успех на сите институции и чинители вклучени во финализирањето на овој проект, затоа што за нас најважно е тој да се реализира – за граѓаните, за економскиот развој, за регионалното поврзување и за зајакнување на мултиетничката држава.

Но едно е јасно: без посветеноста, храброста и решителноста на Демократската Унија за Интеграција, Коридорот 8 ќе останеше само идеја на хартија – како што беше цели 30 години“, стои во соопштението од ДУИ.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова