Утрински Весник
Македонија

УХМР: Утре попладне наместа нестабилно, во среда и четврток ќе биде многу топло

Vremenska soncevo 1 610x400 1.jpg

Локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер за утре попладне прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Како што соопшти,  наместа процесите ќе бидат поинтензивни.

Потоа, во следните два дена (среда и четврток), ќе преовладува сончево и многу топло време и максимална температура до 39 степени, со мала до умерена локална облачност.


-Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информира УХМР.

Можете да прочитате

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово

Груби останува во куќен притвор