Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Img 2223.jpeg

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со претставници од угостителскиот сектор во Скопје – значаен столб на градската економија и урбаната култура.

„Разговаравме отворено за предизвиците со кои се соочуваат угостителите, особено за административните процедури и прашањата поврзани со безбедноста на посетителите,“ истакна Ѓорѓиевски.


На средбата се дискутираа конкретни предлози за унапредување на условите за работа, поддршка на урбаниот туризам и подобрување на услугите кон граѓаните и туристите во Скопје.

Ѓорѓиевски најави дека, како новина, веднаш по локалните избори ќе назначи советник за угостителство, кој ќе доаѓа токму од редовите на угостителите, преку взаемен договор со секторот.

„Угостителите се двигатели на живата атмосфера во Скопје. Ќе продолжиме со соработка, затоа што само заедно можеме да изградиме модерен, економски стабилен и гостопримлив главен град,“ рече тој.

Можете да прочитате

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Премиера на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ во Галичник

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Викендов ни следува нов продор на топол воздух од Африка!