Утрински Весник
Македонија

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Penka mukaetova.jpg

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) информира дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше донесена одлука за именување на Пенка Мукаетова за нов Потпретседател на ССКМ. Оваа одлука претставува дел од обновата на раководните структури на Сојузот со цел да се обезбеди стабилно, легитимно и професионално функционирање.

Со својот досегашен ангажман и углед во деловната заедница, Пенка Мукаетова претставува значаен фактор за Сојузот и ќе има водечка улога во враќањето на институционалниот интегритет и довербата кај членките.


Во истата насока, Горан Ѓорѓиевски и Ромео Костадинов се разрешени од сите функции во рамки на ССКМ, како и Драган Пехчевски, кој е разрешен од функцијата претседател на Групација на проекти. Одлуката е донесена поради сериозни прекршувања на принципите и вредностите на Сојузот, како и поради утврдена вклученост во активности кои претставуваат обид за нарушување на легитимното раководство.

Во контекст на овие настани, ја информираме јавноста дека Сузана Јаневска е суспендирана од функцијата извршен директор на ССКМ, поради злоупотреба на службена положба и фалсификување на службени документи. Без овластување и во спротивност со процедурите на Сојузот, Јаневска испрати лажно соопштение до медиумите од својата приватна е-пошта (suzana.janevska77@yahoo.com), претставувајќи невистинити тврдења за наводно одржано собрание на ССКМ.

Нагласуваме дека такво собрание не било ниту закажано, ниту одржано по деловничка процедура и дека комуникацијата испратена од приватни адреси не претставува официјален став на ССКМ. Поради сериозноста на прекршувањата, случајот е веќе пријавен во Министерството за внатрешни работи, а против одговорните лица се поведени соодветни дисциплински и правни постапки.

Сите институции, медиуми и јавноста се повикуваат да ги игнорираат сите неовластени и нелегитимни изјави и да ги следат само официјалните информации објавени преку валидираните канали на ССКМ.

Нашата мисија продолжува – одговорно, обединето и во интерес на македонската бизнис заедница.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите