Утрински Весник
Македонија

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

20250709174756 big 730x400 83.webp.webp

Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат.


Додадоа дека испраќањето копнени и воздушни е по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, а грчката Влада веднаш позитивно одговорила на барањето за помош.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, како што претходно објави МИА, преку Фејсбук порача дека „потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ“

Пожарот кај ова село се гасне веќе трет ден.

Можете да прочитате

Мираковска до Силјановска Давкова: Дали изборот на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија

Кривична пријава за даночно затајување и оштетување на Буџетот за над 100 милиони денари

СДСМ: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите