Утрински Весник
Македонија

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

Arsovska.jpg

“Сега откако цела Македонија виде ДЕКА ТИ господине министер Ацо Дубаи Николовски ИМАШ НАДЛЕЖНОСТ ДА РУШИШ ДИВОГРАДБИ, исто како и твојот колега ВИСАР ГАНИУ, А НЕ ЈАС, знаеш ли што би било морално, етички и праведно да направиш?

Да не се занимаваш со рушење на викендички во Охрид, Струга, Дебар, Делчево и Македонска Каменица.


ДА СИ ПОЧНЕШ таму каде постои РЕАЛНА ЗАКАНА ПО БЕЗБЕДНОСТА И СИГУРНОСТА на граѓаните, кои живеат во страв во Чаир дека било која од тие 150 незаконски и небезбедно изградени згради од 12 спрата може да им се срушат врз глава и потоа ДА ГИ ОБЕШТЕТИШ зошто сте го дозволиле истото!”, напиша градоначалничката Арсовска споделувајќи фотографија од изјава на Николовски.

Можете да прочитате

„Безбеден град“ детектирал 120.000 прекршоци за пет месеци

СДММ: Нема да молчиме, младите победуваат!

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител