Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Img 2057.jpeg

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, алармираше дека секојдневно се откриваат по 30 диви приклучоци на водоводната мрежа во главниот град, а институциите не преземаат ништо за санкционирање на кражбата на вода.


„Истите ни денар не плаќаат и затоа нерационално трошат бидејќи водата ја добиваат за џабе“, напиша Арсовска на својот Фејсбук профил, упатувајќи остри критики до Министерството за внатрешни работи. Таа бара од МВР итно да започне со поднесување кривични пријави против сите што нелегално се приклучуваат на водоводот.

„Ако можете по службена должност да поднесувате кривични пријави за оние што крадат струја од ЕВН – приватна фирма, можете и за тие што крадат од ЈП Водовод и канализација. Водата за пиење е основен природен ресурс, а не за полнење базени и наводнување ниви“, додаде таа.

Според податоците што ги сподели, потрошувачката на вода во Скопје во текот на овој месец достигнала рекордни 356.000 кубни метри на ден, што е приближно 700 литри вода по жител.

Арсовска апелира за итна реакција на институциите со цел заштита на јавниот интерес и рационално користење на водата, особено во услови на зголемени температури и опасност од недостиг на водни ресурси.

ЛИНК ДО ВИДЕО

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата