Утрински Весник
Македонија

Додека пожари пустошат – деца се ладат во загадениот Вардар кај Керамидница

Img 1894.jpeg

Додека државата се соочува со нов бран пожари и температури кои надминуваат 40 степени, група деца спас од жештините бараат капејќи се во реката Вардар кај скопската населба Керамидница – дел каде што водата е видливо загадена, а околината преполна со отпад и ѓубре.

Сцената е загрижувачка и открива повеќе слоеви на проблем: од социјалната ранливост на овие деца, до негрижата за животната средина и отсуството на безбедни и достапни јавни простори за разладување во Скопје.


Во исто време, повеќе региони низ државата се борат со активни пожари, а граѓаните се повикуваат на претпазливост, хидратација и избегнување изложеност на сонце во најтоплите часови од денот.

Можете да прочитате

Ерол Шакири е новото лице на „Ноќно студио“ – од среда во 20 часот на 4ТВ

Шакири: Политичарите често даваат демагошки одговори, уметност е да се извлече вистината

Шакири за етикетирањето на новинарите: Ако мислиш поинаку, веднаш те обвинуваат дека си платен