Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова: Ромите се неразделен дел од државата, заштитата за нив треба да биде најголема

20250708112903 big 730x400 88.webp.webp

Невладините организации, заедно со меѓународните организации континуирано работат на подобрување на животот на Ромите, но нема големи резултати. Социјалната димензија во држава која се нарекува социјална, мора да се реализира континуирано, да размисли Владата за тоа дали можеби токму онаа категорија на социјални станови треба прво да биде наменета за нив. Противник сум на изолиран живот само во една населба. Треба и поинаков пристап во поглед на градењето. Ова денеска го изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред почетокот на второто издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“, на тема „Право на домување на Ромите“, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Таа рече дека заштитата за нив треба да биде најголема.


-Во социјална држава, во држава што гарантира рамноправност, еднаквост, потребни се сериозни реформи. Непријатно ми е дури со години да го повторувам истото. Ромите се неразделен дел од оваа држава, тие се посветени, лојални, не се дојдени од никаде. Често пати ги охрабрувам младите Роми токму затоа и се обидувам и во мојот кабинет и во органите во кои имам влијание, да ги вклучам. Треба да се одважат, да се вклучат во политиката, образованите, умните, да ги потикнат, инспирираат и останатите, бидејќи долго време во политиката нивните интереси беа запоставувани не само од самата држава и од државните органи, туку и од многу честото вклучување во политиката заради, што не е непознато и за другите, од лични интереси, а не заради заштита на интересите на оваа ранлива категорија, истакна Сиљановска Давкова.

Посочи дека правото на домување е едно од најважните, таму се формира семејството, се учи, се живее во супстандардни услови.

-Најчесто ромските семејства се многудетни се живее субстандардно што значи дека во стартот на живото ромските деца се хендикепирани, нивните родители многу тешко наоѓаат работа, најчесто сами се грижат на свој начин како да се справат со животните предизвици. Најчесто живеат изолирано. Од местоположбата на живеалиштето зависи со кого ќе се дружите какви пријателства ќе имате, колку ќе ви бидат достапни сите институции, додаде претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бејзароски изјави дека денеска ќе презентираат проект на кој макотрпно работеле по претставка на правен субјект посветен за пристапот до јавни добра, како што е водата и останата инфраструктура. Од теренските инстражувања, појасни тој, Комисијата доби одредени решенија, заклучоци, мислења и информации.

Истакна дека се работи за категорија граѓани која во подолг историски период била инфериорна од власта, се работи за пристапот до јавни добра, односно вода, канализација, асфалт итн. на целата територија на Македонија.

– Ние во нашиот предмет даваме препорака сите општини добро да внимаваат кога ги изработуваат дуповите и да ги спроведуваат политиките и на локално ниво и тие донесени на државно ниво. Информациите од теренските инстражувања упатуваат на тоа дека локалните власти треба сериозно и поактивно да работат на подобрување на граѓаните поконкретно за ромската етничка популација. Најкритично е на целата територија на државата. Не се задоволителни показателите од теренските истражувања и со оваа препорака ние ќе ги упатиме локалните и државните власти поактивно да работат во спроведување на тие политики, додаде Бејзароски.

На отворањето на второто издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“, на тема „Право на домување на Ромите“ освен претседателката Сиљановска Давкова и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Бејзароски се обратија и евроамбасадорот Михалис Рокас, заменик – министерот за локална самоуправа Ерџан Селими и лидерката на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, Барбара Лигл.

Можете да прочитате

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран